Казна од 30 милиони евра: Незаконски чувале база со милијарди човечки лица, меѓу нив е можеби и вашето

Точка

04/09/2024

11:47

18.801

Големина на фонт

а а а

Компанијата за технологија за препознавање на лица "Clearview AI" се соочува со казна од 30,5 милиони евра.

Оваа казна им ја изрече холандскиот суд, а причината беше дека го прекршиле "GDPR", односно дека создале „незаконска база на податоци со милијарди човечки лица“, вклучувајќи и холандски државјани.


Компанијата, исто така, наводно не ги известила правилно луѓето чии податоци се користеле, а за да биде работите уште полоши, "Clearview" минатата година тврдеше дека има 30 милијарди слики во својата база на податоци.


„Препознавањето лице е многу наметлива технологија, која не можете едноставно да ја користите никаде во светот. Ако имате слика од вас на Интернет, а сите ние спаѓаме во таа категорија, можете да завршите во базата на "Cleaview AI"“, изјави судијата Алид Волфсен.


Тој додаде дека употребата на технологијата на оваа компанија е исто така нелегална и дека компаниите кои го прават тоа може да добијат „огромни казни“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг