На кој начин кафето придонесува кон лош здив и кариес

Точка

02/09/2024

16:03

3.217

Големина на фонт

а а а

Оралната хигиена е особено важна не само поради естетиката, туку и поради тоа што во устата започнува дигестивниот систем, којшто е еден од клучните сегменти за одржување на здравјето на организмот, поради ова многу е важно да се внимава на храната и пијалаците кои секојдневно се консумираат.

Како што пренесува „Mirror.uk“, стоматологот Пајал Бхала предупредува дека кафето може да има негативно влијание врз оралното здравје, бидејќи може да предизвика лош здив и ошетување на глеѓта (заштитниот слој на забите).


Таа потенцира дека киселата природа на кафето може да доведе до оштетување на глеѓта, а со тоа да предизвика и зголемена чувствителност и кариес на забите.

„Диуретските својства на кафето можат да придонесат кон сушење на устата и намалено создавање на плунката, зголемувајќи го ризикот од кариес. Плунката игра клучна улога во одржувањето на оралното здравје, со неутрализирање на киселините и исплакнување на честичките од храна и штетните бактерии“, вели стоматологот.

Стоматологот предупредува дека сувата уста може да го зголемат ризикот од појава на кариес и лош здив, а доколку пак сте некој којшто полека го испива кафето тоа може да биде уште поризично, бидејќи во тој случај има подолготрајна изложеност на штетните состојки на кафето.


„Танините во кафето се одговорни за темната боја на кафето и тие можат да се залепат за глеѓта на забите, што доведува до промена на бојата и дамки на забите“, објаснува стоматологот.

Како што вели стоматологот кафето е кисело, па колку што е подолго во контакт со забите, толку повеќе ќе ја оштети глеѓта на забите, а исто така доколку во кафето се додава шеќер или други засладувачи тие уште повеќе ќе придонесат кон оштетување на забите.


„Ова им дава повеќе време на бактериите во устата да се хранат со шеќер и да произведуваат киселина којашто може да ја оштети забната глеѓ. Ограничете го времето на испивање на кафето. Користете цевка за да го одбегнете директниот контакт на кафето со забите. Измијте ја устата со вода откако ќе го испиете кафето за да ја неутрализирате киселината и состојките од кафето кои оставаат дамки на забите“, вели стоматологот.

Редовното миење на забите е клучно, практикување на добра орална хигиена, покрај миењето важно е и чистење на забите со забен конец како и редовни стоматолошки прегледи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг