[ВИДЕО] Крвава пресметка во Приштина: Има убиени и ранети

Точка

02/09/2024

11:46

7.296

Големина на фонт

а а а

Едно лице загина, а петмина се повредени во Приштина, по оружен напад меѓу две групи во неделата.

Косовската полиција соопшти дека смртта на жртвата била констатирана на лице место од лекарска екипа, додека повредените се задржани на лекување во Универзитетскиот клинички центар на Косово, пренесе „Коха“.

Обвинителството на Приштина потврди дека во пресметката е убиено едно лице

„Косовец почина како последица на раните добиени при пукање меѓу двете групи. Смртта на жртвата ја констатираше медицинска екипа на местото на настанот. Исто така, како резултат на размената на оган, 5 Косовци од машки пол се повредени, кои под мерка приведување и полициски надзор се на лекување. Освен полициските единици, на местото на настанот излегоа и обвинителот и службениците од Институтот за судска медицина, кои го однесоа мртвото тело на обдукција“, се наведува во полициското соопштение.

Насер Сиља, директор на Ургентната клиника на Клиничкиот центар во Приштина, потврди дека пет повредени лица се згрижени во болница.

„На клиниката се примени пет лица, прегледите се завршени. Тројца од повредените се згрижени со анестезија и хируршки тимови, двајца се примени на клиниката за ортопедија на понатамошно лекување“, рече Сиља.

Според Репортер, меѓу повредените е и С.С., познат на полицијата по повеќе кривични дела.



Спонзорирани линкови

Маркетинг