По расправија извадил нож и солзавец, има повредени: Тепачка во трговски центар во Германија

Макфакс

19/09/2024

22:09

380

Големина на фонт

а а а

Неколку лица се повредени во тепачка што се случила денеска во трговски центар во Ерфурт, Германија, кога еден маж по расправија извадил нож и го расекол мажот.

Полицијата брзо пристигнала на местото на настанот и го евакуирала трговскиот центар, а според полицијата дошло до вербална, а потоа и физичка пресметка меѓу група лица, кои не се по потекло од Германија, пренесуваат германските медиуми.

Се се случило околу 15 часот и 30 минути, а еден од учесниците во тепачката извадил нож. Како што објави „Билд“, мажот (27) бил пренесен во болница поради сериозни повреди на раката, но неговиот живот не е во животна опасност.

Во трговскиот центар бил употребен и солзавец, па лекарска помош побарале и посетителите на центарот. Се пожалиле дека им горат очите и дека имаат проблеми со дишењето.

Полицијата соопшти дека е приведен маж (26), кој е осомничен дека извадил нож и ранил најмалку едно лице.

„Ве уверуваме дека не се работи за напад, немало опасност за граѓаните“, соопштија од полицијата.

Според написите,не се знае зошто дошло до тепачката, ниту точно колку лица се повредени во инцидентот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг