Италија ѝ го врати на Канада украдениот портрет од Винстон Черчил

Точка

19/09/2024

22:53

760

Големина на фонт

а а а

Италија и ја врати на Канада портретната фотографија на британскиот воен премиер Винстон Черчил, која беше украдена од хотел во Онтарио пред две години и продадена на аукција на италијански адвокат кој не знаел за кражбата.

Фотографијата позната како „лавот што рика“ е направена од фотографот Јусуф Карш во 1941 година, веднаш по говорот на британскиот лидер во канадскиот парламент.

Черчил ја има раката на колкот и се мурти кон објективот, што Карш го припишал на фактот дека непосредно пред да го фотографира, ја земал пурата од раката на премиерот, пренесува „Reuters“.

Со години, сликата се наоѓала во хотелот "Fairmont Chateau Laurier", каде што некогаш имал студио овој ерменско-канадски фотограф, но вработените во август 2022 година сфатиле дека оригиналната слика била заменета со потпишана копија.


Подоцнежната истрага откри дека сликата исчезнала од хотелот за време на божиќните празници во 2021 година и била продадена од аукциска куќа во Лондон во мај 2022 година на адвокатот Никола Касинели, кој се согласил да ја врати кога ја дознал вистината.

„Мислам дека ако г-дин Карш му ја дал на хотелот, тоа значи дека тој навистина сакал сликата да остане таму“, рекол Касинели за време на церемонијата во канадската амбасада во четвртокот.


Тој рече дека платил 5.200 фунти без провизија на аукцијата и добил само делумно враќање на парите.

Директорката на канадскиот хотел Женевиев Дима истакна дека ова е позната фотографија, која е дел од историјата на хотелот.

Канадските медиуми објавија дека маж од Онтарио е уапсен и обвинет за кражба на фотографијата.