Румениге за новиот рекордер во Баерн: Мора да му се заблагодариме на Ван Гал, тој е незаменлив!

Дерби

02/09/2024

11:28

1.219

Големина на фонт

а а а

Томас Милер полека се претвора во неповторлива легенда на Баерн Минхен, а тоа го признаваат и најголемите имиња кои и ден денеска се дел од баварскиот великан.

На својот рекорден 710-ти настап за првиот тим, Милер режираше мајсторија против Фрајбург и ги постави конечните 2:0, но сепак во прв план се најде историскиот момент и минувањето на Сеп Мајер на вечната листа.

Милер го надмина Мајер по бројот на одиграни натпревари за Баерн и сега е прв на вечната листа, а бидејќи важи и за играч кој беше лидер во најуспешната ера во историјата на клубот, со посебни зборови за влијанието на Томас се јави и Карл Хајнц Румениге.

– Томас е играч кој е роден во шеснаесетникот, тоа го покажа во сите фудбалски категории. Тој порасна тука, заедно со нас и со фановите на Баерн. Навивачите секогаш посебно сакаат такви играчи кои во себе ги имаат истите вредности како клубот. Мора да му бидеме благодарни на Луи Ван Гал за храброста која ја имаше и што му укажа доверба пред многу години. Тоа е она што го сакаме од еден тренер, да ги предизвика и да ги промовира младите играчи. Милер ги исполни сите наши критериуми и се уште ги исполнува.

– Тој е еден од највредните играчи кои некогаш заиграле за Баерн Минхен. Тој никогаш не е повреден, тој е уникатен, и едноставно не ви е потребна замена за него. Да бидам искрен, тој е незаменлив, не може да се пронајде замена за него. Во моите очи, Милер е легенда на Баерн исто како Франц Бекенбауер или Герд Милер. Нема сомнеж во тоа, бидејќи клубот со него на теренот ја доживеа најуспешната декада во историјата. Томас никогаш не се пожалил, тој секогаш дава 100 посто од себе и тој е уникатно битие создадено во Баварија. Нема поголема баварска икона од Милер, – изјави Румениге.



Спонзорирани линкови

Маркетинг