Реал Мадрид го победи Штутгарт со 3:1 и ги запиша првите три бода во Лигата на шампиони како бранител на титулата, но по натпреварот сите зборуваа за третиот гол со кој беше ставен точка на мечот.
Ендрик истрча во контра и реши сам да завршува во ситуација кога ги имаше Мбапе лево и Винисиус десно, а иако ризикуваше со својот потег, на крајот испадна дека неговиот гол е и историски.
Kylian Mbappé’s reaction to Endrick’s goal against Stuttguart was priceless. 😂🤍 pic.twitter.com/UUEuEnWiLj
— KM (@Kylian) September 18, 2024
Младиот Бразилец со 18 години и 58 дена стана најмлад стрелец на Реал во историјата на Лигата на шампиони, уривајќи го рекордот на незаборавниот Раул Гонзалес.
Ендрик се коцкаше и можеше да заработи многу критики доколку не постигнеше гол, а изненаден од неговиот потег бил и Килијан Мбапе.
Повторените снимки од друг агол од теренот откриваат дека Килијан прво не можел да поверува дека не добива топка од Ендрик, за потоа да се чуди и да се насмевне кога гледа како соиграчот ја погоди мрежата со силниот удар.