Анчелоти искрен: Проблемот сè уште не е решен

Дерби

02/09/2024

11:27

1.112

Големина на фонт

а а а

Карло Анчелоти пред натпреварот со Бетис јасно порача дека го детектирал проблемот заедно со играчите од првиот тим, но по остварената победа од 2:0, Италијанецот нагласи дека истиот се уште не е решен.

Искусниот стручњак бара поголемо дефанзивно залагање од сите играчи како целина и се уште е во потрага по блокот кој донесе многу титули во изминатите неколку сезони, но е цврсто убеден дека набрзо ќе го добие истиот како што ќе одминуваат натпреварите.

– Во првото полувреме имав добро чувство, имавме проблеми да го менуваме тежиштетто на играта, но тимот беше вклучен од првата минута и добро се браневме како тим. Проблемот се уште не е решен, очигледно е дека не сме во најдобра форма и полека ќе го поправме тоа од меч во меч.

– Ни недостасува да имаме поголем континуитет во играта и да бидеме цврсти како блок. Повремено се оддалечуваме еден од друг, а тоа може да донесе проблем. Треба да работиме како блок, тимскиот блок секогаш бил и ќе биде клучен за успехот на највисоко ниво, – изјави Анчелоти по триумфот од 2:0.

– Сега следи пауза за репрезентации и тоа не е добро за никој. Остануваме без играчи и особено ќе биде тешко за оние кои патуваат во Јужна Америка. Барам само да нема повреди, тоа е најголемата опасност во вакви ситуации. Имам желба сите да се вратат здрави од репрезентативните обврски, – заврши Италијанецот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг