Сите зборуваат за Касемиро, но Невил жали друг играч од стартниот тим на Тен Хаг: Дуелот со Конате кажува се за него

Дерби

02/09/2024

11:26

1.532

Големина на фонт

а а а

Гери Невил побара трпение за Манчестер Јунајтед по болниот пораз од Ливерпул на домашен терен, но не пропушти да ги истакне и играчите кои посебно го загрижиле на големото англиско дерби.

Цела англиска јавност пишува за хорор изданието на Касемиро и неговите две грешки кои резултираа со два гола на Ливерпул, меѓутоа Гери издвои уште една ѕвезда од стартниот тим на Тен Хаг која изгледа непрепознатливо веќе некое време.

– Видовме што направи Касемиро во првото полувреме и тоа не е вредно да се образложува. Мене ме заинтригира една ситуација со Маркус Рашфорд. Имаше ситуација еден на еден со Конате, но наместо да тргне на него, тој се сврте назад и ја врати топката. Тоа најдобро ви кажува во каква ментална состојба е во моментов.

– Сакам да верувам дека ќе се врати во најдобра форма, тој постигна 30 гола пред 14 месеци и сакам да верувам дека ќе му се врати самодовербата.

– Очигледно е дека во моментов ја нема и навистина ми е тешко да го гледам ваков. Жал ми е за него, не изгледа како човек кој ужива на теренот. Станува тешко да се гледа Рашфорд на теренот, тоа важи за секој фан на Јунајтед, – порача Невил.



Спонзорирани линкови

Маркетинг