Ван Дајк и зајадливите дерби провокации: Обиди се да го направиш тоа против мене

Дерби

02/09/2024

11:22

666

Големина на фонт

а а а

Дерби пресметките меѓу Манчестер Јунајтед и Ливерпул секогаш носат посебна тензија и нервоза на теренот, од една страна поради големото ривалство и традицијата на најтрофејните клубови во Англија, но и поради темпераментот кај одредени поединци кои тешко ги контролираат емоциите.

Ливерпул вчера брутално го разби Јунајтед на негов терен и си замина за „Енфилд“ со победа од 0:3, но се чини дека задоволството беше уште поголемо за Вирџил Ван Дајк и Собослаи после тоа што се случи во првото полувреме.

Лисандро Мартинез со својата груба игра се обидуваше да им покаже на играчите на Ливерпул дека тешко ќе минат крај него, а откако погрубо стартуваше над Собослаи на средината на теренот, во провокациите се вклучи и капитенот на гостите.

Вирџил Ван Дајк не му остана должен на Аргентинецот кој понекогаш знае да игра и валкано, па пораката која му ја испрати стана вирален хит.

– Обиди се да го направиш тоа против мене…



Спонзорирани линкови

Маркетинг