Карагер лут на еден играч на Ливерпул: Тоа не беше професионално

Дерби

02/09/2024

11:18

668

Големина на фонт

а а а

Ливерпул издоминира на „Олд Трафорд“ и ги искористи сите грешки кои ги направија играчите од домашниот тим, а во ситуација кога гостите стигнаа до предност од 0:3, мора да се признае дека имаа зрели и стопроцентни шанси за уште два или три гола.

Катастрофата за Јунајтед можеше да биде уште поболна, а се чини дека најголемата глупост во завршниот дел од мечот ја направи Доминик Собослаи, кој наместо да ја смести топката во гол, реши да прави потег повеќе.

Играчот за врска реши да дрибла и ја искомплицира работата, па со своето претерување го налути и Џејми Карагер кој јавно го искритикува Унгарецот.

– Што ли направи? Зарем се обидува да биде дрзок на вакво дерби. Не смее да се остави противникот во игра, кога имате шанса, го уништувате. Ако Јунајтед постигнеше еден гол, публиката ќе станеше и се може да се случи. Видовме што се случи на натпреварот меѓу Евертон и Борнмут.

– Тоа што го направи Собослаи е смешно, тоа е смешно и непрофесионално. Мораше да даде гол во таа ситуација, – порача Карагер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг