Фонсека пред ултиматум уште во септември: Две дерби пресметки ќе бидат клучни за тренерот на Милан

Дерби

02/09/2024

11:16

559

Големина на фонт

а а а

Пауло Фонсека внесе голем оптимизам со работата и резултатите во подготвителниот период, но тоа што изгледаше добро на тренинзите и на пријателските во САД, дефинитивно не изгледа така на првите три официјални меча.

Милан двапати се спасуваше од пораз со Торино и Лацио и претрпе неуспех од Парма во второто коло, па освоените два бода во првите три рунди во Серија А не се воопшто добар предуслов за Фонсека, тренер на кој дел од фановите на Милан гледаа со голем скептицизам уште пред да биде ангажиран.

Португалскиот стручњак доби максимална доверба од Златан Ибрахимовиќ и засега се уште ја ужива истата, но италијански „Скај“ открива дека тоа може да се промени доколку тимот не мрдне од „мртва точка“ во месец септември.

Познатиот медиум вели дека Фонсека се соочува со првиот ултиматум уште во раната фаза, бидејќи пред Милан е и тежок распоред на средината на овој месец кога ќе игра две дерби пресметки, најпрво против Ливерпул во Лигата на шампионите, а потоа против Интер во домашното првенство.

Ако тимот не забележи позитивни резулати на овие два меча, големи се шансите Фонсека да заработи отказ после само шест недели во новата сезона, што дефинитивно би отворило ново комплексно поглавје на „Сан Сиро“ и потрага по негов наследник.

Пред да дојде ред за тие два меча, Милан на домашен терен ќе игра против Венеција, натпревар кој мора да се добие по секоја и кој е посочен како прво „финале“ за Фонсека како тренер на „Сан Сиро“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг