[ВИДЕО/ФОТО] Најзгодната „џебна Венера“ ги распамети сите со сензационалната креација: Актерката го откри својот најголем адут

Точка

02/09/2024

11:33

7.860

Големина на фонт

а а а

Овогодишниот „amfAR“ беше гламурозен белег во рамки на социјалниот календар на Филмскиот фестивал во Венеција.

Одржан на 1-ви септември, овој настан незабележливо ги спои световите на модата, филантропијата и забавата. Како дел од постојаните напори на „amfAR“ за борба против СИДА, настанот го прослави придонесот на Федерико Маркети, кој доби почесна награда.


Една од најзабележаните гостинки беше актерката Ева Лонгорија, која ги изненади сите присутни со изборот на тоалета.

Актерката е позната по својата фигура и никогаш не се срамела да ја покаже истата, но ова секако било чекор напред во нејзиниот досегашен стил.


Впечатливиот црн фустан со проѕирен преклоп, прошаран со метални украси кои создавале хипнотизирачки ефект, ставил акцент на затегнатиот задник на Лонгорија.

Дизајнот со затворено деколте и должина до подот зрачел со софистицираност, додека проѕирните елементи давале некаква топлина на целата креација.


Ева како и секогаш се одлучила за палета на шминка во кафени нијанси кои најдобро го истакнуваат нејзиниот тен, боја на коса и очи.

Високиот реп го надополнил тој „вамп“ ефект, иако некои модни критичари сметаат дека пуштената коса би била подобар избор.




Спонзорирани линкови

Маркетинг