Партизан се раздели со уште еден квалитетен играч, позната и сумата која ќе ја заработи од трансферот

Дерби

30/08/2024

12:53

8.567

Големина на фонт

а а а

Кошаркарскиот клуб Партизан ќе влезе во новата сезона со целосно изменет состав, а реконструкцијата ќе го опфати и одличниот центар Бруно Кабокло.

Бразилскиот репрезентативец денеска е потврден како големо засилување за Хапоел Тев Авив, клуб кој не штедел во однос на понудата за да го добие потписот на центарот.

Според српските медиуми, „црно-белите“ ја прифатиле разделбата со досегашниот кошаркар откако Хапоел понудил 600.000 евра за трансферот. Кабокло одигра само една сезона за Партизан и во Евролигата имаше просек од 9,4 поени и 4 скокови по натпревар.

– Ти благодариме Бруно и среќно во продолжение од кариерата, – гласи кратката порака со која Партизан го потврди заминувањето на Кабокло.



Спонзорирани линкови

Маркетинг