Барселона ангажирала талентиран американски фудбалер

Дерби

30/08/2024

11:51

2.099

Големина на фонт

а а а

Раководството на Барселона доведува засилувања следејќи ги сериозните ограничувања кои ги поставува комплицираната финансиска ситуација, но скаутите на шпанскиот клуб работатм и на засилувања за младинската академија.

Барса сега комплетирала трансфер на талентиран американски играч, односно Педро Сома, кој првично ќе биде вклучен во У-19 тимот, чиј тренер е поранешниот првотимец Хулијано Белети.

Сома има и бразилско потекло и е роден на Флорида, а од 2018 година се преселил во Барселона, каде добил шанса во редовите на нисколигашот Корнелја.

Скаутите на Барса ги забележале квалитетите на 18-годишниот Американец и сега тој ќе биде дел од младинската академија, при што му се ветени и одредени настапи за Б тимот на каталонскиот гигант.

Потврда за добрите настапи на Сома во Шпанија е и фактот што тој редовно настапува за младинските категории на американската репрезентација, а беше и еден од најдобрите во селекцијата која минатата година настапуваше на Светското првенство за играчи до 17 години.



Спонзорирани линкови

Маркетинг