Арсенал може да биде решение за очајниот Стерлинг, но Челси мора да направи една отстапка

Дерби

30/08/2024

11:50

1.829

Големина на фонт

а а а

Микел Артета очигледно смета дека на Арсенал му е потребно уште едно засилување за новата сезона, па размислува за нов крилен напаѓач и тоа меѓу две опции.

„Инденпендент“ тврди дека менаџментот на „топчиите“ има дилема и размислува меѓу Кингсли Коман од Баерн Минхен и Рахим Стерлинг од Челси, а втората опција дефинитивно не е добро прифатена од фановите на Арсенал.

Стерлинг е отпишан од новиот менаџер Енцо Мареска и мора да си најде нов клуб до крајот на преодниот рок, но заемот во Арсенал би е комплициран не само поради реакцијата на фановите, туку и поради неговата голема плата, во која Челси ќе мора да учествува и доколку го позајми кај градскиот ривал.

Стерлинг заработува 325.000 фунти неделно во Челси, а Артета и неговите соработници се подготвени да одвојат најмногу 150.000 фунти за засилувањето кое треба да покрива на крилните позиции.

Коман е втората опција, бидејќи Баерн одамна го стави на трансфер листата и сака да се ослободи од неговата плата, па нема да биде изненадување ако Арсенал се реши и на ангажман на Французинот, кој досега нема играно во Премиер лигата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг