Откриено за колку гласови Родри го победи Винисиус

Точка

08/11/2024

19:34

2.748

Големина на фонт

а а а

Францускиот весник „L'Equipe“ јавно ги објави резултатите од гласањето за наградата „Златна топка“, која отиде во рацете на шпанскиот фудбалер Родриго.

Епилогот од гласањето изненади многумина, особено оние кои се наклонети кон Бразилецот Винисиус, кои како и самиот фудбалер беа убедени дека ласкавиот индивидуален трофеј ќе заврши во негови раце.

И можеше – но за малку му припадна на Родри.

Точно 41 глас. Толку Шпанецот беше во предност на крајот на гласањето, открива „Л’екип“.

Во гласањето, како што е познато, учествуваат новинари од 100-те најдобри земји на ранг-листата на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) и секој гласа за десет фудбалери според системот 15, 12, 10, 8, 7, 5, 4, 3, 2 и 1 поен.

Златната топка ја доделува фудбалскиот магазин "France Football" од 1956 година за фудбалери, а од 2018 година за фудбалерки.

🚨 𝐎𝐅𝐅𝐈𝐂𝐈𝐀𝐋: Rodri has won the Ballon d’Or for 𝟒𝟏 𝐩𝐨𝐢𝐧𝐭𝐬 difference over Vini Jr! 😮


Rodri made 1170 points, Vinicius Jr...

Posted by Fabrizio Romano on Friday 8 November 2024

Играчот од средниот ред на Сити доби вкупно 1.170 гласови, додека Бразилецот 1.129.

Џуд Белингам беше трет по бројот на гласови, Карвахал четврти, а Ерлин Халанд петти.

Ѕвездата на Реал Мадрид, Килијан Мбапе заврши на шестото место.




Спонзорирани линкови

Маркетинг