Американскиот кошаркар Џонатан Мотли нема да ја засили Црвена звезда доколку им се верува на пишувањата на шпанските новинари.
Рамон Алварез де Мон, кој го следи Реал Мадрид, тврди дека Мотли е во напредни преговори со тој клуб . Со напомена дека споменатиот новинар е поажурен со актуелните работи во фудбалот, а не со кошаркарскиот дел на „кралскиот клуб“.
Претходно со него најчесто се поврзуваше Црвена звезда, но како одминува времето центарот се повеќе се оддалечува од Мали Калемегдан.
Мотли имаше одличен почеток на сезоната со Хапоел Тел Авив во Еврокупот, со просек од 17,5 поени по натпревар со шест скока и 2,8 асистенции. Кога станува збор за индексот на корисност со 21,3, тој е трет најдобар играч во Еврокупот оваа сезона.
Да потсетиме, Мотли неодамна преку ноќ ги подигна своите работи од салата на Хапоел и го напушти Израел, во кој не се вратил ниту се огласил. Сепак се огласи сопственикот на тимот од Тел Авив кој ги обвини црвено-белите дека имаат влијание врз играчот.
Јоси Гајер, адвокатот на Хапоел од Тел Авив, се закани дека ќе поднесе тужба и најави дека клубот ќе направи се за да го спречи неговиот трансфер во друг клуб.