Мбапе не сака да игра за француската репрезентација сè додека Дешамп е селекторот

Точка

09/11/2024

15:44

1.790

Големина на фонт

а а а

Килијан Мбапе повеќе не сака да настапува за француската фудбалска репрезентација додека Дидие Дешамп е селекторот, тврди добро информираниот новинар, Ромен Молина.

Молина, францускиот новинар кого го следат 550.000 луѓе на „Х“ и кој пишува за Гардијан, Би-би-си и Си-ен-ен, ексклузивно објави дека Мбапе е разочаран од односот на Дешамп кон него и дека повеќе не сака да настапува за репрезентацијата сè додека на клупата не седне нов тренер.

Дешамп не го стави на списокот капитенот на француската репрезентација за натпреварите од Лигата на нации против Израел (14 ноември) и Италија (17 ноември) – потег кој многу го разочарал Мбапе.


Мбапе поради повреда ги пропушти октомвриските натпревари против Израел и Белгија, а сега Дешамп изјави дека негова била одлуката да не го повика Мбапе, и додаде дека ја презема одговорноста за евентуалните последици.

Инаку Дешамп ја предводи француската репрезентација од 2012 година и има освоено светско злато (2018) и сребро (2022), европско сребро (2016) и Лигата на нации (2021).


Од 2017 година, Мбапе постигна 48 гола и впиша 35 асистенции за француската репрезентација, а исто така беше клучен играч за сите успеси на „триколорите“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг