Анчелоти по новото реми на Реал: Мора да најдеме брзо решение

Дерби

30/08/2024

11:31

1.604

Големина на фонт

а а а

Реал Мадрид успеа да освои само бод на гостувањето кај Лас Палмас и ги разочара своите фанови, кои и натаму го очекуваат и првиот гол на Килијан Мбапе во Ла Лига.

Неубедливото издание на избраниците на Карло Анчелоти го запали алармот и кај италијанскиот стручњак, кој на прес-конференцијата по натпреварот истакнал дека мора да најде решение за ваквата ситуација и тоа мора да го направи брзо поради жестокиот распоред за екипата.

– Одигравме лошо полувреме, тешко ни е да постигнеме гол кога немаме баланс, нема добра циркулација на топката…

– Имаме проблеми, истото се случи и против Мајорка, не гледам некое подобрување во однос на тој натпревар.

– Мора да најдеме брзо решение и ќе го направиме тоа. Не смеема да бареме некакви изговори, потребна е брза реакција, бидејќи во недела веќе имаме нов натпревар. Мора подобро да им ја пренесам идејата и стратегијата на фудбалерите, – рекол искрениот Анчелоти.

Реал го пречекува Бетис во следното коло, а веќе заостанува четири бода зад лидерот Барселона.



Спонзорирани линкови

Маркетинг