Засилувањето на Рома не ги помина прегледите, „волчицата“ доведува итна замена од Јувентус

Дерби

30/08/2024

11:25

1.851

Големина на фонт

а а а

Неочекувано сценарио се случува во редовите на Рома и во финишот на преодниот рок, кога „волчицата“ требаше да го комплетира веројатно и последниот трансфер за ова лето.

Кевин Дансо пристигна на прегледи во Рим, но наместо рутински дел од процесот на комплетирање на трансферот, се случило изненадување и австрискиот интернационалец не успеал да добие зелено светло од лекарскиот тим.

Ленс потврди дека трансферот кој требаше да изнесува 25 милиони евра пропаднал, а Рома итно ја активирала комуникацијата со Јувентус и успеала да обезбеди замена.

Се работи за Тиаго Џало, дефанзивецот кој доби само минимална минутажа откако пристигна во Торино, каде го финишираше процесот на рехабилитација по тешката повреда на лигаментите.

Џало ќе пристигне како позајмен играч, но Рома ќе има опција да го откупи неговиот договор за вкупно 9 милиони евра.



Спонзорирани линкови

Маркетинг