Буфон: Целта на новиот формат на ЛШ е да не победи Реал

Дерби

30/08/2024

11:24

1.274

Големина на фонт

а а а

Новиот формат на Лигата на шампионите носи низа новитети за верните фудбалски фанови, па така вчера за првпат во историјата гледавме една ждрепка која беше направена со компјутерски алгоритам.

Сите 36 екипи ги дознаа своите ривали во групната фаза и во новата сезона ќе гледаме далеку повеќе натпревари на програмата, па така воведниот дел од Лигата на шампионите сега ќе заврши на крајот на месец јанури наредната година.

Џанлуиџи Буфон беше еден од вип гостите кои ја промовираат новата идеја во најелитното натпреварување, а додека давал интервју за шпански медиум, Џиџи испорачал и една шега која брзо стана вирална.

– Првата цел на новата Лига на шампиони е да не победи Реал Мадрид….. Шега, ова е шега, – низ смеа порачал Буфон, па додал.

– Се надевам дека ќе ги гледаме најдобрите и дека ќе победат најдобрите. Изминативе години, најдобар тим беше Реал Мадрид. Секогаш сум велел дека тимот кој треба да се победи во ЛШ е Реал Мадрид, – завршил Џиџи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг