Дали знаете за што служи точката на бројот 5 на далечинскиот управувач? Одговорот ќе ве изненади

Точка

30/08/2024

11:34

9.281

Големина на фонт

а а а

Дали некогаш сте се запрашале за што служи точката на копчето на бројот 5 на вашиот далечински управувач? Можеби сте имале некоја теорија за тоа зошто е тоа така, но ова е всушност објаснувањето.

Имено, производителите на далечински управувачи при изработката мислат и на слабовидните лица и лицата со оштетен вид, поради што стана вообичаен стандард во производството на далечински управувачи да се стави мала испакнатина во вид на точка или цртичка на копчето со бројот 5.


Оваа испакнатина им олеснува на лицата со оштетен вид полесно користење на далечинскиот управувач бидејќи точката им служи како тактилен ориентир, односно со помош на неа можат да одредат каде се наоѓаат другите копчиња на далечинскиот управувач. Таа испакнатина се наоѓа на копчето со бројот 5 и на компјутерските тастатури од истата причина.