Научниците од Нов Зеланд во 2023 година забележале редок и неверојатен момент – октопод кој „јава“ на грбот на мако ајкула. Станува збор за редок маори октопод кој живее во длабоките океански води, но поради непозната причина се нашол на површината на океанот, каде што дошло до овој неочекуван состанок.
Во неодамна објавена студија, научниците признаваат дека сè уште немаат објаснување како дошло до оваа невообичаена интеракција. Иако е познато дека овие две морски суштества ретко се среќаваат бидејќи припаѓаат на различни живеалишта, снимката, објавена неодамна, јасно прикажува како октоподот буквално се „шверцува“ на грбот на ајкулата – сцена која досега не е забележана.
Овој редок момент дополнително ги поттикнува истражувањата за однесувањето на морските организми во сложените екосистеми на океаните, пренесува CNN.