Втор ден од посетата на францускиот претседател, Вучиќ и Макрон денеска во Нови Сад

Точка

30/08/2024

13:00

3.121

Големина на фонт

а а а

Францускиот претседател Емануел Макрон, кој вчера во Белград се сретна со српскиот претседател Александар Вучиќ, на вториот ден од посетата ќе замине во Нови Сад.

Двајцата претседатели Макрон и Вучиќ ќе ја посетат галеријата Матица Српска и ќе ги обиколат новите инсталации. Од 11:15 часот се очекува двајцата претседатели да говорат на Форумот за млади и вештачка интелигенција во компанијата „Шнајдер електрик“ во Нови Сад.

Според програмата на вториот ден од посетата, од 15 часот и 30 минути ќе има свечено откривање на плочата по повод завршувањето на работите за модернизација на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград и обраќање на двајцата претседатели.


Испраќањето на претседателот Макрон се очекува околу 15:50 часот.

За потсетување, на првиот ден од посетата, на церемонијата на размена на потпишаните билатерални документи во Палатата „Србија“, во присуство на претседателите на Србија и Франција, беше соопштено дека министерот за одбрана Братислав Гашиќ и Ерик Трапиј, извршниот директор на компанијата „Дасо Авиејшн“, го потпишаа договорот за купување на авионот.


Синоќа, по првиот ден од посетата, Макрон се огласи на мрежата „Х“.

- Се сеќавам дека ја посетив Србија пред пет години. Во свет во кој сè се менува, добро е да имате силни пријатели и историска доследност. Ги споделуваме. Искрено сум среќен што се вратив, напиша францускиот лидер покрај фотографијата со српскиот претседател Александар Вучиќ, направена во 2019 година пред споменикот на благодарноста на Франција на Калемегдан.




Спонзорирани линкови

Маркетинг