Нигериецот шокираше – Осимен ја избра Саудиска Арабија пред Премиер лигата

Точка

30/08/2024

10:51

1.615

Големина на фонт

а а а

Виктор Осимен кариерата ќе ја продолжи во Саудиска Арабија, бидејќи ја прифати понудата на Ал Ахли.

Според италијанскиот новинар и инсајдер за трансфери Џанлука Ди Марцио, Осимен ќе го напушти Наполи, кој ќе добие 80.000.000 евра со бонуси за неговиот трансфер.

Осимен потпишал четиригодишен договор, а се додава дека Нигериецот ќе добива по 40 милиони по сезона од саудискиот клуб, па од трката отпадна англискиот Челзи кој исто така беше заинтересиран за услугите на овој напаѓач.


Ал Ахли минатата сезона во саудискиот шампионат ја заврши на третото место, зад Ал Наср на Кристијано Роналдо и далеку зад шампионот Ал Хилал на Нејмар.


Најголеми ѕвезди на Ал Ахли се Роџер Ибанез, Ријад Махрез, Едуард Менди, Франк Кеси и Роберто Фирмино.




Спонзорирани линкови

Маркетинг