[ВИДЕО] Анџелина Џоли во солзи по проекцијата на филмот „Maria“, актерката наградена со 10-минутни овации

Точка

30/08/2024

10:12

3.187

Големина на фонт

а а а

Анџелина Џоли остави силен впечаток на филмскиот фестивал во Венеција, каде премиерно беше прикажан нејзиниот најнов филм „Maria“.

Актерката беше наградена со 10-минутни овации кои ја трогнале, а на снимката од премиерата се гледа како ги брише солзите од лицето. Џоли блескала во прекрасен беж долг фустан со крзнени детали дизајниран од австралиската дизајнерка Тамара Ралф.

Фустанот, кој е во ладни беж нијанси и има истакнат струк, е инспириран од стилот на легендарната оперска дива Марија Калас.


„Одлучив да не го копирам изгледот на Марија бидејќи нејзините стајлинзи на црвениот тепих во Венеција биле неверојатни, па ѝ оддадов почит на поинаков начин“, изјави Џоли за „Vogue“.

За да го надополни ова емотивно издание, Џоли носела „Cartier“ брош од 1971 година, кој некогаш ѝ припаѓал на Марија Калас.


„Можете да замислите колку е посебно да носите парче накит кое било нејзино“, додала актерката.

На црвениот тепих, Џоли била опкружена со топол аплауз и поддршка од публиката, а присуствувал и режисерот Пабло Лараин, заедно со членовите на актерската екипа.


На видеото објавено од италијанскиот „Vanity Fair“ се гледа како Џоли добива прегратка од колегата Пјерфранческо Фавино за време на испраќањето по скалите.

„Maria“ е биографски филм во кој Џоли ја толкува улогата на Марија Калас, една од најголемите светски оперски пејачки.


Приказната на филмот е сместена во Париз во 1970-те и го прикажува трагичниот живот на Калас, пренесувајќи ја приказната за нејзините последни денови.



Спонзорирани линкови

Маркетинг