Поранешниот учесник на Survivor, Марко Ковачевиќ, за малку ќе ја загубел раката, како што вели, поради инфекција која, што е најлошо, не се знае што ја предизвикало.
На Тик Ток, каде што го има профилот „mkxrema“, раскажал како се случило тоа и покажал прилично вознемирувачки фотографии од раката.
Петок вечер, раскинав со девојка ми, одам во град да прославам малку со друштвото. Станувам сабајлето и имам што да видам“ – ја започнал Марко приказната и покажал слика од рака од тој период.
Отпрвин не го фатило паника. Мислел дека некој му ја извалкал со цигара раката претходната вечер.
„Ја прашувам другарка ми: ’Дали ова може да е од цигара?‘ Ми вели: ’Не!‘. Реков: ’Добро, тогаш сигурно ме каснал некој пајак, можеби сум алергичен – а да не знам.‘ Одиме ние во здравствениот дом. Таму се согласни дека веројатно ме каснал пајак. Примив две инјекции и ми велат: ’Подоцна ќе се чувствуваш подобро‘“, раскажува тој во видеото.
Меѓутоа, состојбата на неговата рака се влошувала. Отишол на клиника. Чекал долго, но кога го видела докторката, му наредила да остане во болница.
„Докторката само ме погледна и ми рече: ’Итна хоспитализација‘. Ја прашувам зошто. Ми одговори: ’Не можам да ви кажам, се сомневаме во најлошото‘. Реков: ’Што е најлошо?!‘, а таа ми рече: ’Ќе видиме, и дека треба да се направи анализа на крвта.“
Два дена бил во исчекување на резултатите и, природно, бил загрижен и стравувал од најлошото.
„Во глава ми се вртеа само црни сценарија – готово е, ми ја ампутираат раката. Ова почна да се зголемува, да се шири по раката … По два дена, дојде докторката и ми се обрати: ’Добро е, не е она што претпоставувавме.‘
Ја прашав: ’Добро, ќе ми кажете ли што е она на што сте мислеле?‘. Слушајте го сега ова – во Доминиканската Република и во уште една држава во Африка, постои извесна бубачка, инсект, кој кога ќе ве касне, почнува да ви го јаде мускулното ткиво. Се шири низ остатокот од телото и единствен начин да се запре е да се ампутира делот од каде тоа почнало. Е, тие се сомневаа дека е тоа!“, објаснил тој.
Во тој период не престојувал во ниту во Доминиканската Република, ниту во Африка.
На крајот, тој бил во болница 20 дена.
„После тоа ме прегледаа буквално 25 доктори. Не претерувам, различни доктори – и студенти, и доктори … И никој никогаш не го видел тоа. Никој нема објаснување. Тие веруваат дека ме каснал некој инсект и дека ми направил хаос по телото. Не постои медицинско објаснување за тоа што ми се случи. Нема причина, но, фала Богу, никогаш нешто слично ми се нема случено, ниту ќе ми се случи“, вели тој.
Меѓутоа, интересно е што и по ова искуство и сознанието дека во Доминиканската Република постои опасен инсект, во февруари годинава, Милош учествуваше во реалното шоу „Survivor“, кое се снимаше во оваа земја.