Бизарно шоу на Путин и Адам Кадиров: Наследникот на „бесното куче“ изведувал тактички вежби и пукал, рускиот лидер предизвика бура на мрежите - „Може ли некој да му објасни...“

Точка

22/08/2024

22:12

4.181

Големина на фонт

а а а

Лидерот на Чеченија Рамзан Кадиров и неговиот син Адам (16) приредија бизарно шоу во чест на посетата на рускиот претседател Владимир Путин.

Меѓу другото, 16-годишниот Адам, кој минатата година беше обвинет дека претепал затвореник, извел серија тактички вежби со пукање додека фотографијата од Путин, овојпат со слушалки, предизвика нова бура на социјалните мрежи.

Рускиот претседател Владимир Путин во вторникот пристигна во Чеченија, а на аеродромот во Грозни го дочекал Рамзан Кадиров.

Путин во Чеченија по 13 години

Путин стана почесен граѓанин на Чеченија и на чеченски јазик му се заблагодари на муфтијата за „работата која ја извршува“.


„Вие сте чувар на вредностите кои го зајакнуваат нашиот мултинационален свет и сите наши религии. Ова е ваше дело, ваша мисија пред сите наши луѓе“, рече Путин и му подари на муфтијата рачно испишан примерок од Куранот, кој претходно го бакнал.

Рускиот претседател последен пат ја посети Чеченија во 2011 година како премиер, кога претседаваше со состанокот на владината комисија за развој на Северен Кавказ во Гудермес.

„Вежбите“ на Адам Кадиров

Потоа следела средба со синовите на Рамзан Кадиров. Според поединечни извештаи, Кадиров има 15 сина, но оваа информација никогаш не е официјално потврдена.

Најстариот од нив, Адам Кадиров, приредил „шоу“ за Владимир Путин и руската делегација, а сето тоа го набљудувал и неговиот татко Рамзан.

Имено, Кадиров и Путин биле дел од публиката, додека Адам (16) ги демонстрирал своите војнички вештини, вклучително и пукање во мета.

Тогаш биле снимени фотографиите, кои повторно направија бура на социјалните мрежи.

„Може ли некој да му објасни на старецот...“

Путин набљудувал сè заедно со Рамзан Кадиров од ложата. Бидејќи Адам пукал од огнено оружје, толпата морала да стави слушалки поради вревата.

Путин од непозната причина ги спуштил своите слушалки и сето тоа време ги носел преку брадата.


„Што му се случи на Путин, заборави ли како се носат слушалки?“, „Може ли некој да му објасни на старецот како се носат слушалки?“, се само дел од коментарите.

Функции на наследникот на Кадиров

Во април оваа година Рамзан Кадиров соопшти дека го назначил својот 16-годишен син за надзорник на школата за обука на чеченските специјални сили во Гудермес.

Минатата година Адам Кадиров беше назначен за главен телохранител на неговиот татко и поставен како набљудувач на новиот стрелачки баталјон.


Во септември минатата година, Адам Кадиров наиде на широка осуда од светската јавност откако неговиот татко објави видео на социјалните мрежи на кое се гледа како Адам удира и шутира затвореник обвинет за палење на Куранот.

Рамзан Кадиров, познат и како „бесното куче на Путин“, тогаш изјави дека е горд на својот син и дека го почитува Адам поради тоа што ги стекнал „идеалите на чест, достоинство и одбрана на својата вера“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг