Алберто Фуџимори, којшто владееше со „железна рака“ во Перу, од 1990 до 2000 година, почина синоќа во Лима на 86 годишна возраст, а последните години од животот ги помина в затвор, поради корупција и злосторства против човештвото.
„По долгата борба со канцерот нашиот татко, Алберто Фуџимори, отиде на средба со Господинот“, објавија неговите деца Кеико, Хиро, Сачи и Кенџи Фуџимори, а претседателството на републиката ја потврди оваа „тажна“ вест и упати искрено сочувство до семејството.
Син на јапонските мигранти, Фуџимори беше претседател на Перу од 1990 до 2000 година, а во текот на својот мандат тој ги принудуваше безбедносните сили ригорозно да се пресметуваат со левичарите (субверзивни) сили, a на Парламентот му ја одзел власта.
Во тие моменти, државата се чувствувала загрозена од маоистичката терористичка организација „Shining Path“, а покрај тоа илјадници жени од домородското население биле присилно стерилизирани за да се намали нивниот број, бидејќи Фуџимори нив ги сметал за пречка во развојот на државата.
Фуџимори во 2008 година беше прогласен за виновен за соучество во 25 убиства и две киднапирања во текот на неговиот мандат, а исто така беше прогласен за виновен во неколку случаи на корупција. Осуден беше на 25 години затвор, поради злосторства против човештвото, а особено за двата масакри врз цивилите, којшто беа извршени од страна на воената ескадрила во борбата против маоистичките герилци „Сјајни патеки“ на почетокот од деведесеттите години.
Во 2017 година, тогашниот претседател Педро Пабло Кузински му даде помилување на Фуџимори, поради хуманитарни причини (поради неговата здравствена состојба), а една година подоцна беше објавено дека Фуџимори боледува од рак на белите дробови.
Фуџимори беше пуштен од затвор декември минатата година по налог на Уставниот суд, откако помина 16 години в затвор, а беше ослободен поради хуманитарни причини, и покрај спротивставувањето на Меѓуамериканскиот суд за човекови права.