[ФОТО] Драма во Германија! Виселе 40 минути на врвот на ролеркостер: Дваесет патници доживеале хорор

Точка

12/09/2024

21:32

1.175

Големина на фонт

а а а

Посетителите на најголемиот тематски парк во Германија поминаа речиси 40 минути на своите места на ролеркостерот што застана на средината на возењето, објави портпаролот на паркот.

Имено, инцидентот се случил во забавниот парк „Европа парк“, а како што се наведува, 20 патници биле оставени да гледаат во воздух поради запирање на возењето.

„Возот на еден ролеркостер не можеше да го надмине првото вртење во околу 13 часот поради недоволна енергија на стартот и таму застана. Благодарение на сеопфатните безбедносни мерки, веднаш по почетокот на возењето згрижени се 20 патници“, изјави портпаролот.

Како што се додава во соопштението, во ниту еден момент патниците не биле во животна опасност.

Тобоганот беше повторно во функција ден по инцидентот, откако беше детално проверен.

Според „Bild“, ова е втор инцидент годинава, откако истиот тобоган неколку пати во април запрел поради технички дефект.



Спонзорирани линкови

Маркетинг