[ФОТО/ВИДЕО] Украинците молневито ги уништуваат мостовите во Русија, станува сè појасно која им е целта

Точка

22/08/2024

09:48

5.938

Големина на фонт

а а а

Украинската инвазија врз руската област Курск трае веќе две недели, а Русите не само што не успеваат да ги исфрлат Украинците од своја територија туку не можат да ги спречат ниту нападите врз клучните цели како што се мостовите. Украинците пак имаат многу јасна цел, тие се одлучни во намерата да ја изолираат Курската област југозападно од реката Сејм.

Русите се отсечени

Имено, украинската војска и воздушните сили за само четири дена, почнувајќи од минатиот петок, уништија три мостови на реката Сејм, во Курската област, а руските инженери веднаш се активираа и донесоа делови од лебдечки понтон мостови на реката Сејм и веднаш побрзаа да ги состават, меѓутоа Украинците беа подготвени за овој нивен потег. Тие лансираа борбени дронови за да пресретнат инженерските конвои и лансираа ракети врз руските чамци и понтони. По шест дена „борби на реката“ ефектот е видлив – голем дел од Курск, всушност сите руски сили присутни на подрачјето југозападно од реката Сејм, практично се отсечени од понатамошно снабдување и засилување. Но Русите не можат да се надеваат ниту на значајно воздушно снабдување, бидејќи украинските сили го направија воздушниот простор над Курск крајно негостопримлив за руските хеликоптери.

Тоа што Украинците се толку одлучни во намерата да ја изолираат Курската област лево од реката Сејм, претставува силен сигнал околу тоа кој би можел да биде нивниот следен потег, а тоа можеби ќе биде копнен напад врз регионот којшто го имаат изолирано. Првите извештаи околу тоа дека Украина ги уништува мостовите во Курск се појавија в петок, кога на социјалните мрежи започнаа да се споделуваат фотографии со предизвиканата штета од повеќе напади, врз бетонскиот мост преку реката Сејм во Глушково, 15 километри западно првата линија на бојното поле, коешто се протега на повеќе од 1000 квадратни километри. Наредните денови следуваа нови напади врз мостовите кон западот, па така в понеделник, со ракети и бомби беа погодени мостовите во Званое и Карижу, при што двата моста беа сериозно оштетени или уништени. Со уништувањето на мостот во Карижу, Русите останаа без единствениот начин за нивно снабдување во Курската област југозападно од реката Сејм.


Удар врз понтон мостовите

Поради уништувањето на овие мостови, Русите започнаа со распоредување на инженерски единици со понтони и чамци, а проучувајќи ги сателитските сними, дописникот на „Радио Слободна Европа“, Марк Крутов, ја потврди изградбата на најмалку три понтон мостови. Со оглед на тоа дека Крутов можел да ги забележи овие понтон мостови, тоа значи дека истото можела да го направи и украинската разузнавачка служба, па на тој начин тие пресретнаа неколку инженерски единици додека биле на улицата, а со помош на дронови Украинците уништија деловите од понтон мостовите. Во најдраматичниот дел од снимката на уништување на понтон мостовите, којашто вчера ја објави украинската војска, се прикажува како американските ракети од типот „M30/31“ фрлаат стотина мали бомби врз еден од понтоните.

Уништувањето на мостовите е клучно

Украинските сили имаат за цел „надминат непријателот во оперативното распоредување на силите во оваа насока“, објави украинскиот центар за одбранбена стратегија. Уништувањето на мостовите е клучно, а Русите веќе не се соочуваат со лесна патека во тој дел од Курската област, додека Украинците можат да влезат во тоа подрачје само со преминување на границата, пренесува Индекс.хр.


Теоретски, Русите би можеле со помош на хеликоптери, повторно да го обноват своето снабдување и да ги засилат своите сили помеѓу реката Сејм и границата, меѓутоа Украинците практично го „исчистија“ воздушниот простор над Курск. Од почетокот на инвазијата на шести август, Украинците со употреба на проектили (копно – воздух) и дронови, соборија повеќе руски хеликоптери во Курск.



Спонзорирани линкови

Маркетинг