[ВИДЕО/ФОТО] Експлозии одекнаа во Волгоградскиот регион! Украинците со дронови ја нападнаа руската воздухопловна база и нејзиниот аеродром

Точка

22/08/2024

14:12

2.413

Големина на фонт

а а а

Експлозии одекнаа синоќа во рускиот град Калач на Дон во регионот на Волгоград по напад со дрон, а снимките од социјалните мрежи покажуваат дека тие се снимени и утрово.

Киев Индипендент наведува дека пожарот бил пријавен на блискиот аеродром и додава дека областа Волгоград се наоѓа на околу 900 километри од Москва.


Се претпоставува дека цел на нападот била воздухопловната база Мариновка во селото Октаабрски, на околу 20 километри од Калач на Дон.


Според сведоштвата на очевидците, објавени на руските канали на Телеграм, за време на нападот одекнале меѓу шест и десет експлозии, а цело време се слушал звук карактеристичен за беспилотните летала.

Се наведува дека жителите на Калач на Дон почнале да пријавуваат експлозии утринава околу 3:30 часот.


На каналот „База телеграм“ беше наведено дека еден од дроновите наводно бил пресретнат на неколку километри од аеродромот, додека остатоците од другиот што паднал врз блиската зграда предизвикале пожар таму.


Киев Индипендент наведува дека не може самостојно да ги потврди овие тврдења.




Спонзорирани линкови

Маркетинг