[ФОТО/ВИДЕО] Нападнат танкер полн со нафта, гори и плови над Црвеното море

Точка

22/08/2024

08:38

2.832

Големина на фонт

а а а

Нафтениот танкер во грчка сопственост, гори и плови над Црвеното море, по низа напади врз него, велат британските и грчките власти. Танкерот „Sounion“ прво бил погоден со рафален оган од два мали бродови, коишто му се приближиле вчера наутро, околу 143 км западно од јеменското пристаниште „Худајдах“, објави канцеларијата за морски трговски операции на Обединетото Кралство.

Малку подоцна бродот бил погоден од страна на три неидентификувани проектили, коишто предизвикале пожар во него, меѓутоа сè уште нема информации дали некој од екипажот на бродот е повреден.

Ниту една група засега нема преземено одговорност за овој напад, којшто грчкиот министер за морепловство го нарече флагрантно кршење на меѓународното право. Меѓутоа од ноември минатата година, јеменските исламисти „Хути“, коишто се поддржани од Иран, постојано ги имаат напаѓано комерцијалните бродови кои пловеа во Црвеното море како и Аденскиот залив. Хутите велат дека ги извршуваат овие дејствија со цел да ги поддржат Палестинците во војната помеѓу Израел и Хамас во појасот Газа, и често пати лажно тврдеа дека ги таргетираат само бродовите поврзани со Израел, САД или Велика Британија.

Хутите продолжија со своите напади и покрај распоредувањето на западните воени бродови во Црвеното море, како и по американските и британските воздушни удари на територијата којашто Хутите ја контролираат во северозападен Јемен, а исто така и Израел во знак на одмазда за смртоносниот напад со дрон врз Тел Авив, го имаше бомбардирано јеменското пристаништето „Худајдах“ минатиот месец.

Танкерот „Sounion“ со должина од 247 метри и ширина од 50 метри, во моментот кога беше нападнат, превезуваше сирова нафта од ирачкото пристаниште „Басра“. Грчкиот оператор на бродови „Delta Tankers“, изјави дека бродот претрпил помала штета а екипажот на бродот ја проценува моменталната состојба.

Покрај овој напад, вчера екипажот од товарниот брод „SW North Wind“ којшто плови под знамето на Панама, извести дека биле сведоци на три експлозии додека пловеле во близина на Аденскиот залив, а притоа тие биле на безбедна оддалеченост. Во јуни грчкиот товарен брод „Tutor“ којшто пловеше под знамето на Либерија потона, а еден член на екипажот загина откако Хутите го нападнаа бродот со беспилотен авион.



Спонзорирани линкови

Маркетинг