Девојка од Тетово насилно ставенa во возило и претепана

Макфакс

21/08/2024

19:12

602

Големина на фонт

а а а

Триесетиедногодишник е осомничен за насилно внесување девојка од Тетово во возило и за физички напад врз неа, соопштија попладнево од Министерството за внатрешни работи.

Поднесена е кривична пријава против С.К. од село Теново, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „противправно лишување од слобода“.

– На 22 март во Тетово, пријавениот со употреба на сила внел девојка во неговото возило, по што физички ја нападнал, се додава во соопштението.



Спонзорирани линкови

Маркетинг