Британската јавност бесна – зошто кралот Чарлс не им ги одземе титулите? Меган и Хари на мета на жестоки критики поради новиот потег

Точка

15/08/2024

19:13

5.749

Големина на фонт

а а а

Од ден во ден се чини дека британската јавност сè потешко ги толерира потезите на одметнатиот пар.

Принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл наскоро ќе отпатуваат во Колумбија откако претседателот на таа земја ги поканил во посета.

Одлуката да се оди на таа посета изнервира голем број Британци, а познатиот британски новинар Пирс Морган немал пофални зборови за овој пар.


Имено, Морган е познат новинар, радио водител и писател кој има многу „остар“ јазик и не се двоуми своето мислење да го сподели со остатокот од британската јавност. Овојпат мета на критики беа Хари и Меган за кои немал пофални зборови.

Иако Хари и Меган добиле повик да бидат дел од проект кој работи на зајакнување на положбата на постарите, младите и жените во Колумбија, Пирс Морган смета дека тие не заслужиле да одат во Колумбија бидејќи повеќе не се членови на кралското семејство и треба да се однесуваат во согласност со тоа.

„Зошто е ова дозволено? Меган и Хари не извршуваат никакви вистински должности во согласност со нивните титули овие денови, тие само ги полнат џебовите во Америка така што постојано ги „валкаат“ членовите на кралското семејство. Од каде правото да се шетаат низ светот и да се преправаат дека се членови на кралското семејство?“, пишува Пирс за „The Sun“ и додава:


„Има толку многу нешта кои не се во ред. Тие треба да се спречат. Во јавноста може да се слушне дека кралот Чарлс и принцот Вилијам се бесни поради нивното патување во Колумбија и не сум изненаден бидејќи е сосема неприфатливо поранешни членови на кралското семејство да одат на вакви официјални патувања“.

За Пирс тие се ривали на кралското семејство и треба да се третираат како такви.

„Она што најмногу ме лути е тоа што Сасексите се во заблуда мислејќи дека можат да му парираат на кралското семејство, уживајќи во сите придобивки од кралскиот статус, но без никаква потреба да ги исполнуваат своите обврски кон кралот и државата“.


Хари и Меган не извршуваат кралски должности од 2020 година, но сè уште го привлекуваат вниманието на медиумите и јавноста. Јавноста го следи секој потег на Меган и нејзиниот однос со кралското семејство.

Таа моментално е фокусирана на градење кариера во Америка, но често се шпекулира дека има планови да заработи пари и да стекне популарност на сметка на семејството од кое беше дел неколку години, што многу ги лути сите оние кои го почитуваат и сакаат британското кралско семејство.



Спонзорирани линкови

Маркетинг