Една работа која ја прават многумина возачи, а може да му наштети на здравјето

Точка

15/08/2024

13:22

9.764

Големина на фонт

а а а

Возачите кои немаат клима уреди во своите автомобили, вообичаено се возат со отворени прозорци, но оваа навика може да биде штетна за здравјето.

Возењето со отворени прозорци ги загадува белите дробови и ја валка внатрешноста на автомобилите. Песокот, ситните каменчиња, прашината, поленот полесно влегуваат во автомобилот, а тоа може да биде причина за појава на симптомите на алергија, пишува „Behind the Wheel“.


Доколку се возите по автопатиштата со отворени прозорци, ќе соберете 45% прашина и загаденост во вашиот автомобил, коешто инаку би го собрале во текот на 24 часа.

Ако имате клима во вашиот автомобил а наместо да ја користите, ги отворате прозорците со надеж дека на тој начин ќе заштедите правите грешка.

„Вклучувањето на клима уредот при возењето всушност е корисно и го штеди горивото во споредба со возењето со отворени прозорци“, изјави Дејвид Бенет од Американската автомoбилска асоцијација, којшто е експерт за поправка на климатските уреди во автомобилите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг