Како изгледала кралицата Летиција пред да стапи во брак? Нејзината восочна фигура била три пати менувана поради тоа колку се променила

Точка

12/08/2024

20:00

4.537

Големина на фонт

а а а

Трансформацијата на шпанската кралица била толку постепена што дури кога ќе ги погледнете нејзините фотографии од пред 20 години може да забележите значајна разлика.

Шпанската кралица Летиција, сопруга на шпанскиот крал Фелипе Шести, е една од најпознатите жени на планетата и дама која со години ја фалат поради нејзиниот ненадминлив стил.

Мајката на принцезите Леонор и Софија наскоро ќе го прослави својот 52-ри роденден и изгледа божествено во секоја прилика, а позната е по тоа што негува природен изглед со минимална шминка.


Таа пред неколку дена беше видена на Мајорка без шминка, што е вистинска реткост за членовите на кралските семејства.

Како изгледала кралицата Летиција во минатото?

Сепак, често се шпекулира дека таа ги користи услугите на естетските хирурзи бидејќи старите фотографии покажуваат дека изгледала многу поинаку порано.

Нејзината физичка трансформација сепак била толку постепена што дури во последно време е особено забележливо колку се променила.


Кралицата Летиција пред да се омажи за кралот Фелипе била добро позната новинарка во Шпанија и со години работела на телевизија, па достапни се многу стари фотографии и снимки од неа, на кои е речиси непрепознатлива во споредба со онаа Летиција што ја знаеме денес.


Како што пишуваше „Daily Mail“ минатата година, Летиција толку многу се променила што нејзината восочна фигура во Музејот за восочни фигури во Мадрид била поставувана три пати. За првпат била направена во 2004 година, а потоа била заменета уште два пати.

Единствено што официјално потврдија од Палатата е дека кралицата направила ринопластика, односно дека го оперирала носот, наводно од здравствени причини. Потоа, мадридскиот музеј побарал да се направи нова восочна фигура на кралицата Летиција, бидејќи таа повеќе не изгледала како изложениот експонат.

По неколку години, во 2017 година била побарана изработка на нова фигура „поради физичките промени на кралицата“, како што било истакнато.

Новинарската кариера на кралицата Летиција пред бракот

Сега веќе во дамнешната 2002 година, на Шпанците им била позната како Летиција Ортиз Рокасолано, новинарка која се занимава со меѓународни теми на шпанскиот медиумски јавен сервис (Televisión Española), а зад себе има работа и на каналот CNN+.

Таа известувала за нападот во Њујорк на 9-ти септември 2001 година, војната во Ирак и слични важни светски теми, а зад себе веќе имала еден брак, со писателот Алонсо Гереро Перез.

Таа се омажи за Фелипе, тогашниот принц од Астурија, во катедралата Алмудена во Мадрид на 22-ри мај 2004 година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг