Актерката Хедер Локлир отворено проговорила за својот живот надвор од Холивуд за време на гостувањето во емисијата „Холивуд и Дивајн“. Шоуто пред еден месец го лансираа Џон Лучијано и Дру Хамер, мајката на озлогласениот актер Арми Хамер.
Локлир на почетокот зборувала околу тоа како не се двоумела да дојде во емисијата, а Хамер рекла дека е „голема работа“ што актерката се појавила и не се извинувала за тоа што не можела да учествува во емисијата како што можеби би направиле другите холивудски ѕвезди. Хедер рекла дека би „направила сè“ за водителите, со оглед на тоа што се пријатели, а потоа споделила дека треба да се опкружува со луѓе кои се како неа.

„Мислам дека се дружиш со луѓе како тебе“, рекла Хамер, а Локлир одговорила: „Да, веројатно“, додавајќи дека таа „баш не се дружи со луѓе од Холивуд“.
„Живеам толку далеку. Да. Со години. Четириесет години“, рекла актерката позната по своите улоги во сериите „Мелроуз Плејс“ и „Династија“.

Иако веќе некое време живее подалеку од рефлекторите, нејзината нова врска со актерот Лоренцо Ламас доминираше на насловните страници во последните месеци. Претставникот на актерот потврди во април дека тој и Локлир се во врска, а двајцата за прв пат заедно се појавија во јавност во театарот Чилер подоцна истиот месец. Инаку Ламас ја придружувал Локлир на свадбата на нејзината ќерка Ава, која актерката ја има со гитаристот Ричи Самбора.

Локлир претходно била во брак со Томи Ли, тапанарот на Мотли Кру.






