По историската одлука за царини, ЕУ планира уште пожесток удар врз Кина

Точка

12/08/2024

17:18

6.351

Големина на фонт

а а а

Кинеските произведувачи на електрични автомобили се натпреваруваа да извезат во ЕУ што повеќе електрични возила пред петти јули, односно пред предвидениот датум за стапување на сила на новите ЕУ царини. Меѓутоа Европската комисија најавува нов удар врз произведувачите, имено се расправа за можноста царините да се воведат ретроактивно, односно нивната примена да започнува од март а не од јули.

Како дел од истрагата на тоа дали кинеските произведувачи на автомобили добиле несоодветни субвенции, Европската комисија од јули бара од царинските агенции на земјите членки на ЕУ да ги следат сите електрични возила произведени во Кина, што ќе ѝ овозможи на ЕУ ретроактивна примена на санкции. Оваа тактика има за цел да ги обесхрабри компаниите од „преплавување“ на пазарот.


Набрзо по најавата на Комисијата во јуни, дека ќе се воведат поголеми царини за електрични возила од очекуваните, кинеските произведувачи ги натоварија бродовите кои одат кон ЕУ со колку што е можно повеќе возила. Регистрациите на електричните возила се зголемија на повеќе од 202.000 нови возила, во споредба со просечните 144.000 во април и мај.

Евтиниот увоз се закануваше со разорувачки загуби

Како што објави Комисијата, ваквиот бран на евтин увоз претставуваше економска закана за Европа. Овој бран на евтин увоз претставува „закана од економска штета“ за индустријата во ЕУ, којашто би можела да доведе до разорувачки загуби и да ги доведе во опасност работните места на повеќе од 12 милиони луѓе, како директно така и индиректно, предупредија од Европската комисија.

Поради тоа царините се неопходни за да се надомести таа неправедна предност којашто ја даваат субвенциите, наведува Европската комисија. Со одлуката на ЕУ предвидени се диференцирани такси коишто се пресметуваат спрема матичната компанија, годишниот промет и сомнителниот износ на примени субвенции. Новите такси ќе се сметаат одделно од постоечките тарифи, кои изнесуваат 10%.


Ова се новите тарифи по компании:

BYD – 17.4%

Geely – 19.9%

SAIC – 37.6%

Останати производители на електрични возила во Кина коишто соработувале во истрагата, но не биле поединечно испитувани, вклучувајќи ги Тесла БМВ: 20.8%

Останати производители во Кина коишто не соработувале – 37.6%.

Мерките се засега привремени

Воведувањето на овие мерки засега е привремено. Царинските власти од кинеските извозници ќе бараат банковни гаранции а не готовина. Што значи дека крајните корисници можеби нема веднаш да ја почувствуваат промената врз „својот џеб“. Царините ќе останат на сила додека четири месеци додека не се донесе конечна одлука, којашто земјите би можеле да ја блокираат ако соберат квалификувано мнозинство против овојј предлог, односно доколку се соберат 15 гласови од земји членки коишто претставуваат 65% од населението на ЕУ.


Германија, големиот извозник на автомобили кој има силни врски со кинескиот пазар, но и Унгарија – растечкиот центар за кинески инвестиции веројатно ќе се противат на ваквата одлука за царини на ЕУ.

Германското здружение за автомобилска индустрија вели дека „тарифите не се соодветна мерка за зајакнување на конкурентноста“ и потенцијално можат да доведат кон ситуација во којашто сите губат. Оваа организација е особено загрижена поради ефектите врз заедничките вложувања, како што се оние кои „Volkswagen“ и „General Motors“ ги имаат со „SAIC“ (Shanghai Automotive Industry Corporation).

Наспроти ова Франција и Италија ги поддржуваат овие нови мерки на ЕУ, што е знак дека на изборите во ноември ќе им претходи сеопфатна политичка борба.



Спонзорирани линкови

Маркетинг