Нова студија покажува дека коњите се многу попаметни отколку што мислевме

Точка

12/08/2024

11:36

13.460

Големина на фонт

а а а

„Коњите се многу попаметни отколку што се мислеше порано“, велат научниците откако нивната студија покажала дека овие животни имаат подобар резултат од очекуваните во рамките на една комплексна игра заснована на награди.

Истражувачите откриле дека кога на коњите не им биле давани слатки поради непочитување на правилата на игра, тие моментално биле способни да ја сменат својата стратегија со цел да добијат повеќе слатки како награда. Ова покажува дека овие животни имаат способност да размислуваат однапред – нешто за што порано се сметаше дека е надвор од нивната способност, кажаа научниците од универзитетот „Нотингем Трент“.

Познавањето на начините на кои коњите ги учат работите, може да им помогне на тренерите да ги обучуваат похумано и да ја подобри нивната благосостојба, додаваат научниците.


Кери Љичи предавач на науката за коњи, вели дека: „Коњите не се природни гении, тие се сметаат за средни според интелигенцијата, но оваа студија покажува дека тие не се просечни туку дека се всушност когнитивно понапредни“.

За да разберат повеќе истражувачите им дале задача на 20 коњи којашто се состоела од три фази.

Во првата фаза животните со муцката го допирале парчето – карта за да добијат слатки како награда. Во втората фаза било вклучено светло а на коњите им било дозволено да јадат само ако ја допрат картичката додека светлото е исклучено.

Тимот истражувачи откри дека коњите слепо ги допирале картичките без оглед на тоа дали светлото било вклучено или не, и беа наградувани кога правилно го правеа истото.


Во третата фаза била вклучена казна, каде што допирањето на картичката кога било вклучено „светлото стоп“ резултирало со „тајм – аут“ од 10 секунди. Но наместо неселективно да ја допираат картичката, тимот истражувачи откри дека коњите ги почитувале правилата – само направиле движење во вистинско време за да дојдат до својата награда.

Истражувачите велат дека ова сугерира оти коњите наместо да не ги разберат правилата на игра, тие цело време ги разбирале но пронашле начин да ја играат играта во втората фаза којашто не бараше многу внимание.

Луј Еванс, докторанд на универзитетот „Нотингем Трент“ кажа:„Очекувавме дека перформансот на коњите ќе се подобри кога воведовме „тајм – аут“, но бевме изненадени колку тоа подобрување беше моментално и значајно“. На животните вообичаено им е потребно повторување на задачите неколку пати за да се стекнат со нови знаења, но нашите коњи веднаш се подобрија штом им воведовме казни за грешките. Ова сугерира дека коњите цело време ги знаеле правилата на игра“.


Истражувачите кажаа дека резултатите објавени во „Applied Animal Behavior Science“, сугерираат дека коњите имаат способност да формираат внатрешен модел на светот околу нив, за да носат одлуки и да предвидуваат, што претставува техника позната како „учење засновано врз модел“.

Порано се сметаше дека „учењето засновано врз модел“ е премногу комплицирано за коњите бидејќи имаат неразвиен префронтален кортекс, дел од мозокот којшто е поврзан со стратешко размислување.

Професорката Личи вели дека „ова нè учи дека не треба да правиме претпоставки околу интелигенцијата или чувствата на животните врз основа на тоа дали тие се или не се „изградени“ како нас.