Овие три „големи“ држави парично не ги наградија своите олимпијци за освоените медали на ОИ во Париз

Точка

12/08/2024

23:19

18.328

Големина на фонт

а а а

Олимписките игри во Париз завршија вчера а вкупно беа доделени 1.044 медали.

Покрај спомените кои ќе ги паметат целиот живот, најголем дел од спортистите добија и големи парични награди од своите држави.

Така на пример, Хонг Конг за златото во мечување на победниците Вивиан Конг и Чеунг Конг им додели по 71.000 евра а што се однесува на државите од нашиот регион, Србија чијшто спортисти освоија најмногу медали од сите земји во регионот, за победниците издвои 4.780.000 евра.

Меѓутоа особено е интересен фактот дека дури 84 спортисти не добија никаква парична награда.

Помеѓу тие држави се и Велика Британија, Шведска и Норвешка кои во своите буџети немаат предвидено награди за освојувачите на медали на најголемиот спортски настан годинава.


Британците според вкупниот број медали (65) се третата најуспешна земја на ОИ во Париз по Кина (91) и САД (126), но британските спортисти кои освоија 14 златни, 22 сребрени и 29 бронзени медали нема да бидат финансиски наградени од нивната држава.


Истaта судбина ја имаат и единаесетте шведски спортисти кои освоија четири златни, четири сребрени и три бронзени медали како и норвешките спортисти кои имаа четири златни, еден сребрен и три бронзени медали на овогодишните ОИ во Париз, коишто и покрај овие успеси нема да добијат награда од нивните држави.




Спонзорирани линкови

Маркетинг