[ВИДЕО] Дали го знаете значењето на овој сообраќаен знак?

Точка

08/08/2024

16:43

7.014

Големина на фонт

а а а

Во Франција многу луѓе ги збунува еден сообраќаен знак којшто го нема на ниту едно друго место во Европа. Се работи за знак на којшто се наоѓа бел дијамант ставен на сина позадина а познат е под името „voie réservée“.

Овој сообраќаен знак може да се види во Лион, Гренобл и Стразбур како и на париските обиколници како и на некои споредни улици со повеќе ленти.


Функцијата му е да сигнализира дека се работи за улична лента резервирана за возила чијшто возачи од време на време се менуваат, потоа за електрични возила, такси и автобуси. Овој знак се применува од 2020 година, а важи само во одредени периоди од денот, најчесто кога има голем сообраќаен метеж. Неговата главна цел е токму да го намали метежот.

За непочитување на овој знак, односно возење во резервираната лента, се плаќа казна до 135 евра. Сообраќајните ленти ги надгледуваат посебни редари, додека пак казната ќе ја плаќаат само возачите со помалку од двајца патници во возилото во моментот на прекршокот.