Најдобриот ракометар на сите времиња прашан дали е Србин или Хрват! Следеше шокантен одговор: „На татко ми му паѓаше тешко кога се пееја химните“

Точка

08/08/2024

22:29

56.745

Големина на фонт

а а а

Најдобриот ракометар на сите времиња Никола Карабатиќ ја заврши кариерата на Олимписките игри во Париз, но не со златен медал околу вратот како што сонуваше.

Неговата Франција го одигра многу лошо целиот турнир, некако „стигна“ до четврт-финалето, дури имаше шанса да влезе и меѓу четирите најдобри селекции, сепак, Германија подготви „ладен туш“ на пет секунди пред крајот на продолжението (35:34 ).

Но, на лицето на Карабатиќ немаше солзи, веројатно и самиот чувствуваше дека со оваа генерација „триколори“ тешко дека ќе успее да освои медал, а не дека ги немаше освоено во кариерата.


Верувале или не, Карабатиќ има три олимписки злата и едно сребро, а тука се и сите останати трофеи. Четири пати беше светски првак, четири пати европски првак, односно има уште шест медали. Едноставно, тој одбележа цела ера на францускиот ракомет, а доаѓа од Ниш...

Таткото на Никола, Бранко е Хрват, а мајка му Радмила е Србинка, а од југот на Србија во Франција се преселил кога имал четири години. Секогаш се трудеше да зборува на српски јазик, да ја почитува српската култура, да се дружи со Новак Ѓоковиќ, но одамна реши да игра само за „триколорите“.


Кога го прашале од која националност е, тој дал одговор што не би го сакале ниту Србите, ниту Хрватите: „Јас сум и Србин и Хрват. Имам корени од двете земји и многу сум горд на тоа. Франција е мојата татковина. но мило ми е што имам корени од поранешна Југославија“, изјави во една прилика најголемиот ракометар на сите времиња за француските медиуми.

„Поради татко ми секогаш ќе го паметам финалето против Хрватска. Тие беа двете најдобри селекции во последните пет години, Арената беше полна, 15.000 луѓе и сите беа против нас и против мене. Се сеќавам кога се интонираа химните, и знам колку му беше тешко на татко ми, неговиот син игра да против Хрватска во финалето на Светското првенство. Кога започна националната химна, а химната на Хрватска е многу убава, почнав да плачам, беше навистина чудно и видов како татко ми се чувствуваше, јас размислував за него“, додаде Карабатиќ, кој сепак имаше посебен мотив против Хрватска и ја донесе титулата светски првак на Франција.


„Моја омилена титула е онаа од Светското првенство во Хрватска во 2009 година. Мама и тато беа во публика, го следеа натпреварот од трибините, а тоа е момент од мојата кариера кој никогаш нема да го заборавам, пред 15.000 Хрватите кои беа против мене... О, тоа никогаш нема да го заборавам“.

Без оглед на тоа што целиот свој живот го поминал во Франција, тој најави дека летово ќе ги посети Србија и Хрватска, за да ги запознае уште подобро отколку што беше случајот, а традицијата ќе продолжи да живее во неговата куќа: Сигурен сум дека ќе имам деца да научат да зборуваат хрватски и српски, бидејќи тоа ми е многу важно, на крајот на краиштата, јас сум од Балканот, горд сум на своите корени, имам куќа и семејство таму. Сакам моите деца да знаат од каде им се корените“, додаде тој.


За потсетување, Карабатиќ во текот на клупската кариера го носеше дресот на Монпеље, Кил, Паис, Барселона и Пари Сен Жермен. Три пати ја освојуваше Лигата на шампионите и три пати беше прогласуван за најдобар играч на светот.