УЕФА со интервенција за дебито на Клоп, Германците нема да можат да ги носат планираните дресови

Дерби

24/09/2026

14:46

225

Големина на фонт

а а а

Германската фудбалска федерација добила информација од УЕФА дека сениорската репрезентација не може да го користи планираниот зелен дрес на гостувањето кај Холандија.

Германците планираа да користат зелен ретро дрес од СП 1990 на дуелот од Лигата на нации против Холандија, но Европската фудбалска федерација ставила вето и го забранила овој дрес поради повеќе причини.

Една од причините е што трите линии на дресовите оделе до крајот на ракавите, односно и преку делот кој е резервиран за логото на натпреварувањето и логото на УЕФА фондацијата.

Истовремено, на ретро дресовите нема простор за бројките на предниот дел на дресовите, што исто така е неприфатливо и спречува нивно користење на официјалните натпревари.

Ова значи дека Германците порано од предвиденото ќе треба да ги користат целосно црните дресови, кои беа планирани за вториот натпревар со Холандија, закажан за 16. ноември во Берлин.