Дана Интернешнл, веднаш штом се појавила на музичката сцена направила вистински хаос, а зад широката насмевка крие шокантна животна приказна!
Познатата израелска пејачка Дана Интернешнл е родена како машко, но уште од мали нозе чувствувала дека припаѓа на спротивниот, женски пол. Таа била Јарон, а потоа станала – Шерон. Победила во 1998 година со песната „Viva la Diva“, направила вистинска револуција на Евровизија и го донела фестивалот во Ерусалим. Со оглед на репутацијата на градот, не е ни чудо што религиозните фанатици започнале немири и востанија обидувајќи се да спречат „срамна“ манифестација во Светата земја, исто како што протестирале една година претходно за својот претставник, односно претставничката.
Дана сè уште се занимава со музика, се појавува како почесен гостин на геј прајд настани ширум светот, можете да ја следите и на Инстаграм, а кога е во прашање нејзината љубовна историја, тој дел од нејзиниот живот е обвиен во тајност.
Знаела дека ќе стане пејачка уште кога имала само осум години. За тоа била заслужна најголемата израелска музичка ѕвезда Офра Хаза и нејзиниот настап на Евровизија во 1983 година. Веќе на 16-годишна возраст, таа почнала да настапува во ноќните клубови како „drag queen“, претставувајќи се под името Шерон Коен.
Тоа име официјално стои на нејзината лична карта од 1993 година, кога го променила полот во Лондон. Недолго после тоа, таа го снимила својот прв албум, кој постигнал огромен успех. Оттогаш, таа се претставува под псевдонимот Дана, во спомен на нејзиниот пријател од детството, Даниел, кој загинал во сообраќајна несреќа.
Победата на Евровизија значела пресврт во нејзината кариера, а песната станала толку популарна што била прогласена за една од 14-те најдобри во историјата на натпреварувањето на 50-годишнината на фестивалот.
Дана објавила неколку успешни албуми, а меѓу останатото е авторка на песната со која Боаз Мауда го претставувал Израел на Евровизија во 2008 година во Белград.
Дана Интернешнл, исто така, учествувала на „Изборот за песна на Евровизија“ во 2011 година што се одржа во Дизелдорф, но синглот „Ding Dong“ не бил ни приближно успешен како „Viva la Diva“. Таа дури и не се пласирала во финалето, што било голем шок.