Германската автоиндустрија е во сериозни проблеми „Се движиме кон длабока криза“

Точка

06/08/2024

12:29

8.579

Големина на фонт

а а а

Заклучокот на Институтот за економски истражувања „ИФО“ од Минхен е дека расположението во германската автоиндустрија значително се влоши во јули.

Во истражувањето се наведува дека индикаторот кој го мери работното расположение во автоиндустријата на Германија покажува дека,во однос на јунските – 9.5 поени во јули се бележи опаѓање од – 18.3 поени.


Коментирајќи го истражувњето, Анита Волфл експерт за индустријата вели дека германската автоиндустрија сè повеќе „лизга“ кон криза. Компаниите се помалку задоволни од своето тековно работење во однос на јуни месец и истовремено покажуваат поголем песимизам околу развојот на бизнисот во иднината.


Вредноста на индикаторите со кои се проценува моменталната работна ситуација паднал за 10 поени, од јунските 3.2 поени на – 6.8 поени, додека вредноста на индексот со кој се проценуваат очекувањата за идните шест месеци паднала од минус 21.3 поени на минус 29.1 поен.


Искористеноста на капацитетите во германската автоиндустрија паднала на 77.7%, што е за девет процент под долгогодишниот просек. Компаниите се жалат дека се соочуваат со недостаток од порачки, недостаток пријавуваат дури 43.1% компании.

„Ситуацијата веројатно нема значајно да се смени во следните месеци“, додава Волфл.



Спонзорирани линкови

Маркетинг