[ВИДЕО] Принцот Вилијам нема да биде крал? Вонбрачната ќерка Сара ќе ги „замрси“ сите планови, палатата знае сè и молчи

Точка

05/08/2024

21:22

5.809

Големина на фонт

а а а

Со години кружат гласини дека Чарлс и Дијана имаат вонбрачна ќерка. Пред да се венчаат Дајана Спенсер и тогашниот принц Чарлс, кралицата Елизабета Втора сакала да се увери дали Дијана може да има деца.

Тие наводно се обиделе со „ин витро“ оплодување за да видат дали јајцеклетките на Дијана се оплодени. Докторот кој бил вклучен во целата процедура, наводно ѝ ги украл јајцеклетките на Дијана и спермата на Чарлс, пишува Marca и ги употребил на сурогат мајка.


Се зборува дека станува збор за неговата сопруга. Во 1981 година го родила девојчето Сара. Според таа приказна, Чарлс и Дијана имаат ќерка вонбрачно, а принцот Вилијам (42) и принцот Хари (39) имаат сестра. Наводно се вика Сара Спенсер и живее во Америка, а судејќи по фотографиите многу наликува на родителите, особено на покојната Лејди Ди.

Британските медиуми шпекулирале дека Вилијам во неколку наврати сакал да се сретне со својата сестра, но членовите на кралското семејство не се согласуваат со тоа.

„Запознавањето беше договорено, но само за сопругата на принцот Вилијам, Кејт Мидлтон. Беше многу импресионирана кога ја виде сличноста меѓу Сара и принцезата Дијана“, изјавил тогаш извор, но тоа никогаш не било потврдено од палатата.



Сара е родена во 1981 година, пред Вилијам, кога важел законот според кој на тронот можеа да бидат само машки наследници. Денес ситуацијата е сосема поинаква, па без разлика на полот, првороденото дете има приоритет во наследувањето. Тоа навистина би ги нарушило плановите на Вилијам за тронот, доколку Сара одлучи да дојде во ОК и да ги побара своите права.


Вилијам нема да биде крал доколку Сара се осмели да дојде и да си ги бара правата“, пишуваат на социјалните мрежи дел од следбениците кои веруваат дека приказната за Сара е вистинита. Со оглед на тоа дека Сара само еднаш се огласила и дала интервју, а потоа сето тоа било избришано, малкумина веруваат во постоењето на вонбрачна ќерка.




Спонзорирани линкови

Маркетинг