„Мислев дека сум се прејала“: Некогашната Барби го чека своето седмо дете на 45 години

Точка

14/01/2025

18:32

1.458

Големина на фонт

а а а

Медлин Вест ги сподели најубавите вести на својот Инстаграм профил, а попатно се пошегува на смета на нејзините години.

Имено австралиската актерка објави дека го чека своето седмо дете. Како што откри, мислела дека минува низ перименопауза, но се покажало дека е бремена.

Медлин на Инстаграм објави фотографија на која се гледа нејзиниот труднички стомак и додаде дека на почетокот мислела дека се прејала божиќен пудинг.


„Навистина не сум сигурна во врска со насловот „Геријатриска мајка“, но еве сме и сега ќе се фокусирам на одгледување на ова мало изненадувачко пакетче кое го нареков 007“, напиша таа под објавата.

Актерката исто така замоли нејзините колеги и другите следбеници да ѝ дадат неколку совет во врска со бебето, со оглед на тоа што поминало многу време од нејзиното последно породување.


Инаку Медлин доби шест деца во бракот со познатиот готвач Шенон Бенет.


Оваа вест навистина беше малку изненадувачка за целото нејзино семејство, но Медлин не ја крие среќата, додека луѓето следбениците ѝ честитаа во коментарите и споделуваа дел од своите искуства со неа.


Австралијката не се експонира многу во јавноста, а оваа вест не потсети на тоа колку всушност е убава и единствена Медлин, а кога беше русокоса многумина ја споредуваа со Барби куклата.