На плажа во гратче оддалечено 9 часа со автомобил од Скопје, мажите и жените сè уште ги дели ѕид: Сè изгледа страшно и тажно на прв поглед, а еве зошто никогаш не бил срушен

Точка

04/08/2024

16:08

10.996

Големина на фонт

а а а

Колку ви звучи реално дека во Европа, во 21 век, во 2024 година, на едно многу познато и популарно место, сè уште има ѕид на плажата што ги дели жените и мажите?

Колку и да е необична приказната, таа е вистинита. А сето тоа се случува на плажата во Трст, која мештаните ја нарекуваат „Педочин“. Тоа е последната плажа во Европа која функционира по овој принцип.


Постои од 1903 година, кога Трст бил под австроунгарска власт. Плажата ја преживеала монархијата, дваесет години фашизам, две светски војни, сојузничка окупација и други превирања во изминатите децении. Првично беше поделена со ограда, но подоцна беше заменета со ѕид, кој само еднаш бил срушен и преместен – во 1959 година, кога женскиот дел бил проширен на штета на машкиот.

„Ова е институција“

„Ние рековме не, тие сакаа да го тргнат ѕидот за да ги обединат мажите и жените. Направивме петиција и рековме – не, ѕидот не се чепка. Ова е институција. Институција од времето на Австро-унгарија. Затоа, ѕидот ќе остане како што е“, велат Умберто и Алберто Еторе од Трст.

Зошто доаѓаат тука? Момците велат дека доаѓаат тука за сенка и мир, што нагласуваат дека го имаат поради ѕидот што ги дели од жените.

Донатела, Маида и Патриша од Трст истакнaле дека е подобро да се капат без мажи.


„Слободно се чувствуваме, шетаме мирно во долна облека, бидејќи само жени нè гледаат. Жената може да дојде и тогаш кога не ги направила сите „женски работи“ како депилација и нокти“, нагласиле тие.

На новинарите им било потешко да влегуваат во делот за жени и деца до 12 години. Правилата таму се многу построги. Влезот требало да го одобри градската управа, а посетата била најавена преку разглас на сите капачи.

Властите неколку пати се обиделе да го отстранат ѕидот, а тоа било решено на референдум одржан во 1943 година. Локалните граѓани одлучиле ѕидот долг 74 метри да остане.


Последен пат за ѕидот било одлучено во доцните 80-ти, но дури и тогаш луѓето уште еднаш гласале дека сакаат да го задржат. Затоа што е дел од меморијата, традицијата и идентитетот на градот, се наведува.

За оваа плажа се напишани книги, а снимен е и документарен филм кој беше претставен на Канскиот фестивал.


Името „Педочино“ потекнува од зборот „педоци“ (на трстански дијалект „школки“) или „педочио“ (вошки). Некогаш во близина се наоѓала фарма за школки, а австроунгарските војници наводно вршеле лична хигиена на оваа плажа.


„Лантерна“ е омилена меѓу пензионерите, децата и работниците, кои тука имаат пауза. Децата до 12 години можат слободно да трчаат меѓу двете зони, додека тинејџерите и возрасните претпочитаат други плажи.